Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бараат работници, ама нудат само минималец

Бараат работници, ама нудат само минималец

Хрватите бараат работници, но нудат само минималец и работа во сите смени. 

Ништо не може да ги спречи луѓето да се иселуваат од Хрватска. 

Марко од Загреб кој има 33 години и зема плата од 5000 куни веќе е во потрага по подобра работа. Тој пратил своја биографија во 15 компании. 

„Од тие бев на разговор во 10 компании, а работа „добив“ во 8 од нив. Не е дека итно ми треба работа, но само сакав да пробам штом ќе се отвори пазарот, ако најдам нешто подобро, но тоа засега е само превид“- вели тој. 

Тој додава дека работодавците во Хрватска го имаат истиот проблем, им требаат работници, но даваат само минималец. 

Вели дека и прекувремената работа очекуваат да биде гратис. 

Според него, работа има, но подобро луѓето ќе чекаат отколку да работат под такви услови. 

Слично

Поврзани вести