БАРААТ ПОВИСОКИ ПЛАТИ: СДСМ утре ќе организира собир на наставници пред Министерството за образование
СДСМ утре ќе организира собир на наставници пред Министерството за образование.
Незадоволни од изјавите на министерката за образование Весна Јаневска дека наставниците ветеното покачување на платите ќе го добијат во март следната година, наместо есенва, од СДСМ најавија дека утре ќе организираат собир на наставници и просветни работници пред Министерството за образование и наука во Скопје.
„Под слоганот „Немате оправдувања, покачете ги платите!“ ќе побараме да се покачат платите на просветните работници“, изјави пратеничката од СДСМ, Даниела Николова
Овој собир е предупредување на почетокот на учебната година.
Претходно министерката за образование и наука Весна Јаневска објасни дека наставниците нема да добијат покачување на платите за 12 отсто сега во септември, но најави дека зголемување ќе има во март следната година.
фото СДСМ
