Бараат оставки и дисциплински: Граѓаните излегоа на протест поради убиството на Росица и нејзиниот татко
Протест имаше попладнево пред Министерството за внатрешни работи(МВР) поради убиството на 31- годишната Росица Коцева во Велес. Граѓаните кои излегоа на протестот велат дека институциите се виновни за фемицидите во Македонија.
Присутните бараат институционална одговорност и санкции, оставки, дисциплински постапки за полицајци, обвинители, вработени во Центрите на социјалните работа. Потоа, упатија порака да се направат обврзувачки протоколи за полицијата, судството, обвинителството, Центрите за социјална работа. На протестот луѓето скандираа „Ниту една повеќе“.
„Се собираме скршени од тага, и разбеснети од колективниот крах на системот, игнорантскиот однос кон жртвите на насилство, кој доведува до фемициди. Се случи уште еден фемицид и сите институции кои минимизираат и релативизираат со години, поттикнуваат и дозволуваат насилство врз жените се виновни. И полицијата, и Центрите за социјална работа, и Обвинителството, и судовите. Образовниот систем наместо да промовира родова еднаквост и емпанија, со својот пристап придонесува кон креирање на сексисти и насилници. Покрај страшната некоординираност, и затајувањето на институциите, кон фемицидирите придонесуваат молкот, стигмата и срамот, немањето чувство за колективна одговорност“, порачаа од протестот.
Граѓаните извикуваа дека за ова нема оправдување. Инаку, деновиве поранешниот партнер ја уби Росица Коцева и нејзиниот татко, по што се самоуби.
фото принтскрин
