Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бараат на референдум луѓето да се изјаснат за образовните реформи, од МОН велат дека е апсурдно да протестираат

Бараат на референдум луѓето да се изјаснат за образовните реформи, од МОН велат дека е апсурдно да протестираат

Во повеќе градови денеска во организација на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ се одржаа протести против новите реформи во образованието. 

Тие се против донесувањето на новиот Законот за учебници за основно и средно образование, со кој се предвидува дигитализација на учебниците. Учесниците на протестот бараат преку референдум граѓаните да имаат можност да се изјаснат за образовните реформи.

Министерството за образование и наука целосно го легитимира правото на протест на граѓаните, затоа што е уставно загарантирано. Но, сепак, велат дека причината поради која се користи ова право, не е оправдана. 

„Апсурдно е да се протестира против дигитализација на образованието, ако се има предвид дека тоа е глобален процес кој се случува во голем број земји во светот, а Северна Македонија мора да фати чекор со современите трендови и да се приближува кон стандардите за квалитет на образование, кои ги наметнуваат развиените општества“, се вели во соопштението.

Велат дека новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали ќе ги донесе европските практики во нашите училишта. 

фото Средношколски глас

Слично

Поврзани вести