Бараа спас од болеста, починаа во најужасни маки: Сведок на хоророт во Тетово раскажува
- Овие несреќни луѓе отидоа да бараат спас од злобна болест а ја најдоа смртта во најтешките можни маки.
Македонија е во шок, целата земја тагува, а јавноста бара одговори и виновници - вели Ивица Адамоски, ден по пожарот во тетовската болница кој однесе 14 животи.
Адамоски живее во Гостивар, град на 25 километри од Тетово, и е новинар за порталот gostivarpress.mk.
- Сцените беа морничави. Во пожарот се повредени уште 12 пациенти, а прашање е што ќе им се случеше доколку храбрите тетовски пожарникари не влезеа во огнот и не ги извадија мртвите и живите од запалената болница - вели Адамоски, пренесува новости.рс
Иако станува збор за трагедија од големи размери, сепак има многу што јавноста очекува, а властите не соопштуваат.
- Само градоначалничката на Тетово рече дека се работи за голема несреќа, додека премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вечерта одбиваа да дадат изјави. Во тек е истрага, а бројни екипи се на терен, кои се обидуваат да утврдат како настанал пожарот. Истражителите го испрашуваат медицинскиот персонал, повредените пациенти и прегледуваат видео камери. Познато е, а еден од пожарникарите кој прв пристигна на местото на настанот, изјави дека пожарот избувнал во внатрешниот дел на болницата и дека, кога започнала интервенцијата, надворешноста сѐ уште не горела - пренесува пинк.рс.Пропустите не можеа да предизвикаат пожар?
Ковид болницата во Тетово се наоѓаше во рамките на Општата болница, лоцирана во центарот на градот. Адамоски вели дека е направена пред неколку месеци за кратко време, по што техничкиот директор посочил одредени пропусти. Меѓутоа, по пожарот, тој рече дека овие пропусти не можеле да го предизвикаат пожарот. Во моментот на несреќата во неа имало 26 пациенти, најверојатно од Тетово и околината.
- Пожарот е пријавен во 21.05 часот, а е изгаснат во 21.45 часот. Во гаснењето учествуваа 30 пожарникари со седум возила. Од околните згради се слушнаа врисоци, плач, лелек некои од станарите излегоа надвор и се обидоа да им помогнат на пожарникарите. Целиот медицински персонал успеа да се евакуира од објектот што гореше. Сѐ уште не се соопштува идентитетот на жртвите и нивната здравствена состојба, а може само да се претпостави дека станува збор за посериозни пациенти чија болест не им дозволила да избегаат - продолжува Ивица Адамоски.
Во Тетово од има тридневна жалост, а во текот на денот беше прогласена на целата територија на Северна Македонија.
- Денеска низ целата земја владее пригушена тишина, ужас, шок, граѓаните се револтирани. Идентитетот на жртвите сѐ уште не е објавен, иако штом веста за пожарот се прошири низ градот, почнаа да се собираат членови на семејствата на пациентите кои се лекуваа во болницата „Ковид“. Започна обдукцијата и идентификацијата на телата на жртвите - вели Адамоски.Јавното обвинителство на Северна Македонија наведува дека засега нема медицински персонал меѓу жртвите, како и дека е наредена обдукција и идентификација на телата на жртвите. Владата соопшти дека ќе прифати странска експертска помош во истрагата за несреќата.
Извор: новости.рс
фото: принтскрин твитер
