Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАРАА ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈАВА, СЕГА САКААТ НАЗАД ВО ЕВРОПА - МНР добива меѓу 50 и 100 барања дневно

БАРАА ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈАВА, СЕГА САКААТ НАЗАД ВО ЕВРОПА - МНР добива меѓу 50 и 100 барања дневно

Ако до неодамна прашањето беше како македонските државјани поради пандемијата со коронавирусот, кои беа заглавени во други земји да се вратат дома, сега тема е како наши државјани со престој во други држави да се вратат таму, објави 360 степени.

„Каква е состојбата од Македонија кон ЕУ? „Се повеќе се засилува тоа движење. Се уште останува основното правило дека треба да се има дозвола за престој, се друго се разгледува особено. Но, луѓето се уште не се информирани, а секоја земја си има свои специфики“, било заклучено на дневниот состанок на Кризниот штаб во Министерството за надворешни работи. 

Интересот на граѓаните ќе биде уште поголем по најавата на Унијата за скорешно отворање на своите надворешни граници. Но, тоа нема да важи за граѓаните на сите земји, туку само за оние што имаат добра епидемиолошка слика, а тука спаѓа и регионот, пишува „360 степени“.

Сега се води процес во обратна насока – враќање на македонските државјани во земјите каде работат или привремено живеат. 

„Има огромен интерес за напуштање на државата, значи обратен процес кој е подеднакво сложен, бидејќи најмногу зависи од земјите на прием, а не од нас. Ние помагаме, но правилата ги диктираат државите на прием и не секогаш граѓаните тоа го разбираат. Се множи бројката секој ден се повеќе, груба бројка е дека помеѓу 50 и 100 на дневна основа. Ние помагаме пред се со информација, потоа асистираме во пренесувањето на барањето, но постапките се егзактни и нив ги одредуваат државите на прием и ние не можеме да гарантираме успешно враќање, освен укажување што треба да се исполни како услов“, изјавил директорот на Директоратот за билатерални односи со европски држави во МНР, Методија Белевски. 

Слично

Поврзани вести