Економија, финансии, бизнис

Контакт

Мајката на актерката Кочовска е пронајдена, таа е дома и е во добра состојба

Мајката на актерката Кочовска е пронајдена, таа е дома и е во добра состојба

Мајката на актерката Тања Кочовска е најдена. Таа на фејсбук се заблагодари, објавувајќи дека нејзината мајка Невенка е пронајдена, веќе е дома и е во добра состојба.  

Претходно неколку часа беше исчезната Невенка Кочовска, мајката на познатата актерка Тања Кочовска.

Актерката ова го објави на својот фејсбук профил, објавувајќи и фотографија од нејзината мајка, за која наведува дека боледува од алцхајмерова болест.

Таа јавноста ја замолива за помош, а на фејсбук објави и слика од нејзината мајка. 

„Дечки, ова е мајка ми Невенка Кочовска која боледува од алцхајмерова болест и од дома е излезена сабајле во 9:30 часот и се уште не е вратена. Пред два часа е видена кај фонтана во градски парк. Доколку ја видите или добиете некаква информација, пишете ми во инбокс или јавете ми се на бројот: 075/407-473“, напиша Тања Кочовска.

Јавноста ја памети Невенка Кочовска како дел од многу популарниот бенд Мањифико, кој го имаа формирано заедно со својот сопруг Панче уште во далечната 1959 година. 

Ќерките Лидија и Тања го наследија талентот и љубовта кон музиката од своите родители. 

Слично

Поврзани вести