„БАНКРОТ ЗА ЈСП ТУРС“? СДСМ со сериозни обвинувања
СДСМ обвинува дека „ЈСП Турс со месеци нема директор затоа што членовите на Управниот одбор на Јавното сообраќано претпријатие кои се членови и на ВМРО-ДПМНЕ не назначува директор.„
„ Дали тоа се прави намерно за ЈСП Турс да влезе во стечај и да пропадне треба да одговорат од Белата палата. Една и пол година раководење од кадри на ВМРО-ДПМНЕ ЈСП како и други јавни претпријатија се едвај функционални, партизирани и пред колапс. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ добива власт ги урнисува институциите и претпријатијата, ги задолжува граѓаните, на сметка на лично богатење на партиски функционери“ се вели во соопштението на СДСМ.
Слично
