Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАНКАРСКА “ПАРАЛИЗА“: Во критичниот април, кредитна воздржаност!

БАНКАРСКА “ПАРАЛИЗА“: Во критичниот април, кредитна воздржаност!
Раст на кредитирањето во денари, пад кај девизното кредитирање. Во април, месецот кога поради политичката неизвесност и продлабочените ризици се случи досега најголемото повлекување на депозитите од банките, кредитирањето значајно забавило, но сепак со стапка на раст. Податоците за критичниот месец покажуваат дека граѓаните и натаму се задолжувале, додека кај фирмите има забавено кредитирање. Вкупната кредитна изложеност заклучно со четвртиот месец изнесувала 4,55 милијарди евра и за еден месец, или во однос на март се зголемила за незначителни 634 илајди евра. Кредитна изложеност : април 4 553 853 658 евра март 4 553 219 512 евра. Според податоците, на крајот од четвртиот месец од годинава, граѓаните по основ на сите видови на кредити, минуси на кредитни картички и негативни салда на тековни сметки, граѓаните должеле 2 милијарди евра и за еден месец задолженоста се зголемила за 17,5 милиони евра. Задолженост на граѓани: април 2 031 983 739 евра март 2 014 422 764 евра За ралика од кредитната задолженост кај граѓаните, кај фирмите е забележано намалување на депозитната база. Задолженост на фирми: април 4 553 219 512 евра март 4 553 853 658 евра На страната на нефункционалните и проблематични кредити, во април е регистрирано нсалдо од 488 032 520 евра, и за еден месец, односно во споредба со март има зголемување за околу 130 000 евра. Д.А.  
Слично

Поврзани вести