Банкарите порачуваат: купи си стан под хипотека, најевтин е!
Нефункционалните кредити се зголемуваат. Според последните информaции од здружението на банкари, заклучно со септември неликвидните кредити изнесуваат 10,6%. Банкарите признаваат дека имаат проблеми со наплата на кредитите. Првиот човек на здружението на банкари, Ѓорѓи Јанчевски тврди дека расте бројот и на хипотеки.
„Има голем број на хипотеки, проблем е што тие хипотеки тешко се продаваат. Можам да кажам дека во моментот единствено ликвидни се становите, деловниот простор, фабрики многу многу потешко се продаваат и се реализираат“, вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкари.
Становите под хипотека генерално се поевтини од оние што се нудат на пазарот, но велат банкарите луѓето понекогаш се плашат да купуваат, оти сметаат дека ќе има проблем со старите сопственици.
Според последните податоци од Народната банка на Македонија, вкупната задолженост на домаќинствата кон банките по основ на кредити изнесува 1,3 милијарди евра, додека во истиот период лани оваа бројка изнесуваше 1,2 милијарди евра.
Еве што покaжуваат бројките од НБРМ, заклучно со септември 2012 година.
Вкупни кредити на домаќинствата 1,3 милијарди евра.
Потошувачки кредити
- во денари 514,7 милиони евра
- во странска валута 13,6 милиони евра
- Вкупно: 527,9 милиони евра
- во денари 262 милиони евра
- во странска валута 48,7 милиони евра
- Вкупно: 310,7 милиони евра
- во денари 31,2 милиони евра
- во странска валута 3 милиони евра
- Вкупно: 34,2 милиони евра
- во денари 196,8 милиони евра
- во странска валута 81 илјади евра
- Вкупно: 196,881 милиони евра
- во денари 33,3 милиони евра
- во странска валута 11,1 милиони евра
- Вкупно: 44,4 милиони евра
- во денари 87,5 милиони евра
- во странска валута 8,4 милиони евра
- Вкупно: 95,9 милиони евра
Слично
