Економија, финансии, бизнис

Контакт

Банкари, бизнисмени, експерти ќе бараат излез од кризата од Владата

Банкари, бизнисмени, експерти ќе бараат излез од кризата од Владата
Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија, во среда го организираат првиот „Банкекспо“ што ќе се одржи во Скопје, а  по повод Светскиот ден на штедењето, 31-ви октомври. Ќе биде организиран форум на кој ке учествуваат банкари, бизнисмени од сите стопански комори во Македонија, научници, претставници од странските инвеститори. На Форумот ќе зборуваат и министерот за финансии Зоран Ставревски, како и гувернерот на НБРМ Димтар Богов. „Очекувањата се дека и 2013-та година ќе биде тешка, уште повеќе што во земјата 13 месеци по ред паѓа индустриското производство, а Македонија е во рецесија. Целта отворено да разговараме за кризата пред министерот Ставревски и гувернерот Богов, да си ги кажеме проблемите и да пронајдеме решенија кои ќе ни помогнат полесно да ја поминеме 2013-та“, изјави Ѓорѓи Јанчевски, претседател на здружението на банкари.  
Слично

Поврзани вести