Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАН ја поддржува бугарската Влада да стави вето на македонските преговори

БАН ја поддржува бугарската Влада да стави вето на македонските преговори

Во соседна Бугарија, Академијата на науките е за вето на македонските преговори. 

БАН информираше дека го поддржува ставот на бугарската Влада да не ја прифати предложената преговарачката рамка на Европската Комисија за Македонија.

„Бугарската академија на науките останува верна на своите традиции да се грижи за проучувањето на бугарските земји и природата, јазикот на книжевноста и бугарската историја и внимателно го следи развојот на односите меѓу Скопје и Софија“, се вели во соопштението на БАН..

БАН е категорична дека ќе продолжи да ја брани со научни средства историската вистина за минатото на историско-географскиот регион на Македонија, вклучително и бугарската етничка и културна припадност на мнозинството од нејзините жители.

Бугарскиот европратеник и известувач за Македонија во Европската Унија Илхан Ќучук пак вели дека ниту една од страните нема да победи со евентуална блокада на македонскиот евроинтегративниот процес. 

Слично

Поврзани вести