Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЛТОВСКА ПОВТОРНО Е НАЗНАЧЕНА ЗА ЧЛЕН НА УО, ЧЛЕН НА НО ЌЕ БИДЕ БОРИСЛАВ АТАНАСОВСКИ - промени во органите на управување на Стопанска банка Битола

БАЛТОВСКА ПОВТОРНО Е НАЗНАЧЕНА ЗА ЧЛЕН НА УО, ЧЛЕН НА НО ЌЕ БИДЕ БОРИСЛАВ АТАНАСОВСКИ - промени во органите на управување на Стопанска банка Битола

Нови промени во органите на управување на Стопанска банка Битола.

За нив информираше банката преку ценовно чувствителна информација на Берзата.

Имено, за член на Управниот одбор на банката повторно била назначена Гордана Балтовска, додека, пак, за член на Надзорниот одбор е назначен Борислав Атанасовски. 

„Врз основа на Одлука од Надзорен одбор од 29.6.2023 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија од 10.10.2023 година, за член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е назначена д-р Гордана Балтовска.

Истовремено, известуваме дека врз основа на Одлука од Собрание на акционери од 4.5.2023 година и Решение за издавање на претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија од 10.10.2023 година, за член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола е назначен г. Борислав Атанасовски“, се вели во објавата од Стопанска банка Битола.

Слично

Поврзани вести