Балканските земји со очекувања од бугарското претседателство: Ќе не поведе ли Бугарија на патот кон ЕУ?
Ние имаме подготвеност и очекување за време на бугарското претседателство на ЕУ да добиеме конечен датум за почеток на преговори за пристапување кон ЕУ. Ова го кажа македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
"Тоа е долг и фрустрирачки процес, но нашата администрација има подготвеност за тоа. Проблемот е во Грција, која не блокира уште во самиот почеток на овој процес", рече уште Иванов.
Шефот на државата очекува за време на следниот самит на НАТО Република Македонија да стане и полноправна членка на Северноатлантскиот пакт.
"Се надевам дека во периодот кој доаѓа, структурите на НАТО повеќе да не бидат заложници на една земја-членка на Алијансата, која се интересира само и единствено од сопствените интереси, а не од интересите на НАТО и од состојбата во целиот регион . Ние очекуваме за време на претстојниот самит на НАТО тоа нешто да се случи и Македонија конечно да биде членка на НАТО ", рече уште Ѓорге Иванов.
"Русија повторно се врати во регионот. Таа сака да докаже дека има политичка и воена превласт над ЕУ и како тоа се случило многу пати во историјата досега, стратешките конфликти да се водат на Балканот. Европа е должна да го надмине овој конфликт".
Тоа од своја страна, го рече водачот на Демократската партија на социјалистите / ДПС / во Црна Гора Мило Ѓукановиќ пред холандското издание "De Trouv". "Нашата современа историја докажа дека Балканите сами не можат да ја задржат својата стабилност. Брисел е Локомотивата која ја носи одговорност за стабилноста во Европа, како брзината со која се движи возот. Брисел носи одговорност и не може да остане рамнодушен кога има опасност последниот вагон да се откачи и да не се знае во која насока ќе се движи Локомотивата", вели уште Ѓукановиќ.
Според него, "Балканот секогаш бил на крстопат меѓу Западот и Русија, каде владее национализам". "Овој дел од регионот можеби е ќор-сокак за ЕУ, но постојано е под ударите на трети земји. И поради оваа причина лично сум многу загрижен", вели уште Ѓукановиќ, кој го контролира политичкиот живот во малата балканска земја во последните 25 години.
Лидерот на ДПС е убеден дека имало како руска, така и српска интервенција во обидот за државен удар во кој беше предвидено и неговото убиство за време на предвремените парламентарни избори во Црна Гора во текот на месец октомври 2016 година .
"Меѓу приоритетите на Бугарија која застанува на чело на ЕУ од денеска е таа да го поведе Западен Балкан кон Брисел", рече уште Мило Ѓукановиќ.
Според него, проблемите на Балканот се исти како и во времето на Дејтонскиот мировен договор пред 22 години. "Босна и Херцеговина не функционира правилно, разговорите меѓу Србија и Косово одат бавно, а Македонија е целосно парализирана на патот кон ЕУ, Брисел мора да се убрза, бидејќи ентузијазмот за Европа ќе исчезне на Балканот", рече црногорскиот лидер .
