БАЛКАНОТ ВО СТУДЕН БРАН: Каде да внимавате во државата ако патувате?
Студено време и снег паѓаат во делови од Хрватска, БиХ, додека во Црна Гора поради врнежите денеска е прогласен црвен метеоаларм.
Снег паѓа во Хрватското приморје, Горски котор, Славонија, централна и северозападна Хрватска додека поради зимски услови и ветер е забранет сообраќај за камиони со приколки од правец на внатрешноста кон Далмација, Ријека и Истра и обратно.
Во БиХ поради снег се забележани проблеми на патиштата, а од босанскиот автомото сојуз предупредуваат на снег на патиштата, посебно во западните краеви на БиХ.
Исто така, внимание се советува и поради замрзнати патишта, а издадено е и предупедување поради помали одрони на планинските превои.
Во Македонија метеоролозите најавија облачно време со врнежи од дожд, во западните делови пообилни а ќе дува и југозападен ветер.
Дневната температура ќе се движи од пет до 13 степени.
Oд АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 10 – 20 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка ( од с. Гајре до с. Лисец ). Слаб снег провејува на Попова Шапка, но не се задржува на коловозот.
