БАЛКАНОТ СЕ ТРЕСЕ: Земјотреси во Албанија, Хрватска и БиХ
Земјотрес со јачина од 3,4 степени е регистриран денеска во Босна и Херцеговина со епицентар во близина на Мостар и 52 километри од Сараево. Претходно денеска од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информираа дека во 00.21 часот на 160 километри југозападно од Скопје е регистриран земјотрес. Епицентарот е во Албанија, а овој земјотрес бил почувствуван и во Македонија, особено во северозападните делови на земјата. Пред 21 час имаше послаб земјотрес во хрватски Сисак на 59 километри од Загреб.
Земјотресот во Храватска е со магнитуда од 2 степени, а тој во Албанија што се почувствува и во Македонија е со интензитет од 3,5 степени според Рихтер.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19 јули 2021 година, во раните утрински часови, 00 часот и 21 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија, 160 километри југозападно од Скопје, се вели во соопштението од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
