Економија, финансии, бизнис

Контакт

Балканот доби нова држава, ваков наслов осамна во медиум од регионот

Балканот доби нова држава, ваков наслов осамна во медиум од регионот

„Тажен пораз на Русија на Балканот“, „Балканот доби нова држава“, „Грција го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО“, „Грчкиот Парламент прв го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО“, ова се само дел од насловите во медиумите во регионот. 


Освен што известуваат за гласањето и тензичната атмосфера во грчкиот Парламент за време на истото, голем дел од медиумите ја објаснуваат и понатамошната процедура со која Македонија и официјално за неколку дена ќе стане Република Северна Македонија. 

Бугарската агенција БГНЕС го пренесува ставот на македонскиот премиер, Зоран Заев објавен на Твитер дека за Македонија успехот е загарантиран. 


Бугарската телевизија Нова ја пренесува веста за Протоколот ратификуван во Грција и наведува дека тоа е тажен пораз за Русија на Балканот. 

Слично

Поврзани вести