Балерината Стефанија Гаштарска и пратеникот Амар Мециновиќ ја обелоденија љубовта: Заедно го искачија планинскиот врв Плат!
Стефанија Гаштарска, девојката која пред неколку години стана позната на социјалните мрежи објавувајќи содржина за балет, балетските техники и секојдневни видеа од нејзиниот живот, за прв пат го покажа своето момче на социјалните мрежи, пренесува Женски магазин.
Станува збор за пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ кој годинава се бореше за титулата да стане „татко на градот Скопје“, односно градоначалник на градот.
Двојката уживала во заедничко планинарење на Шар Планина, каде што се искачила на врвот Плат. Оттаму, двајцата споделија прекрасни фотографии од планинските предели, чистото небо и погледот што го одзема здивот. Сепак, најголемо внимание привлекоа заедничките кадри на кои Стефанија и Амар се прегрнати и насмеани, со што за првпат јавно покажаа дека се во љубовна врска.
Мециновиќ, покрај политичкиот ангажман, тој е познат и како голем вљубеник во природата и планинарењето. На неговиот профил на Инстаграм веќе подолго време може да се забележат фотографии од различни искачени врвови и планинарски авантури.
Тој честопати јавно апелира и за поголема грижа, заштита и зачувување на планините и природните убавини, па затоа воопшто не изненадува што токму едно планинарење било изборот за нивното заедничко време.
Од друга страна, Стефанија во текот на годината престојува во Русија, каде што професионално е ангажирана во познатиот театар за опера и балет „Михајловски“