Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА ВО ГОСТИВАР: Повеќе од 1000 луѓе побарале лекарска помош

БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА ВО ГОСТИВАР: Повеќе од 1000 луѓе побарале лекарска помош

Повеќе од илјада лица со зголемена температура, малаксаност и стомачни тегоби во последните четири дена побарале медицинска помош на инфективното одделение во Општата болница во Гостивар.

Последниве три дена се примани по 150 луѓе дневно во болница. 

Зголемниот обем на работа ги исполнил капацитетите на инфективното одделение, а болничката управа решила да ги користи капацитетите од другите одделенија.

Од гостиварското одделение на Центарот за јавно здравје, потврдуваат дека кај нив е пријавено зголемување на бројот на пациенти и дека во тек се дополнителни испитувања кои би дале одговор за ваквата состојба.

Од болничката управа посочуваат дека се мобилизирале да се надмине состојбата со недостиг од болнички кревети во инфективното одделение. За оваа потреба, пациентите се примаат на детското, гинеколошкото и интерното одделение.

Слично

Поврзани вести