Бакрачески распределен на пониско работно место
Поранешниот градоначалник на Охрид од ВМРО ДПМНЕ, Никола Бакрачески по завршувањето на мандатот, наместо како шеф на одделот за интервентна кардилологија каде што беше претходно, е распределен на пониско работно место.
Поставен е за раководител на одделението за срцеви аритмии. Бакрачески обивни за партиски реваншизам.
„Тогаш кога јас одлучував не постоеше термин партиска припадност или партиски реваншизам во лексиконот на оваа институција и тоа можат да го потврдат вработените, а останатите кои сакаат да дојдат до вистината можат да го дознаат“- вели Бакрачески.
Гордана Донеска, директор Завод за кардиоваксуларни заболувања Св Стефан- Охрид вели дека Бакрачески никогаш и не работел и не знае да работи во одделот за аритмии.
Директорката пред некое време го назначила и нејзиниот сопруг за втор човек во болницата.
„Унапредувањето на сопругот од доктор во раководител на стационарно болничкиот оддел го направив поради тоа што претходната раководителка замина на супспецијализација и моментално не е тука. Изборот е извршен според сите критериуми, а во болницата сите доктори имаат некаква раководна функција“- вели Донеска.
Министерството за здравство ќе го испитува случајот.