Бакрачески и неговиот возач го нападнале Сашко Коцев?
По затворањето на Охридско Лето со претстава „Ничија земја“ во изведба на Македонскиот народен театар во поранешната охридска касарна, дошло до поголемо нарушување на јавниот ред и мир помеѓу Никола Бакрачевски, градоначалник на Охрид, неговиот возач и актерот, Сашко Коцев, објави Охридскај.
По завршувањето на преставата најнапред дошла до мала меѓусебна вербална расправија помеѓу Бакрачевски и Коцев, каде Бакрачевски почнал да го навредува актерот Коцев упатувајќи му погрдни зборови како „наркоман“, пцовки и друго. На ваквиот однос на Бакрачевски бурна реакција имал Коцев, кој му укажал на Бакрачевски дека ја преминал црвената линија, по што дошло и до меѓусебно доближување. Веднаш во заштита на Бакрачевски реагирал неговиот шофер, кој се нафрлил врз актерот, но малку недостигало да дојде до посериозно нарушување, зошто веднаш реагирале и другарите на Коцев, пишува порталот.
Поголем инцидент спречила охридската полиција која веднаш реагирала. Коцев доцна синоќа во ПС Охрид дал свој исказ, а исказ дал и возачот на Бакрачевски.
Бакрачевски иако повикан во ПС од ОН Охрид да даде исказ за нарушувањето, не се појавил и побарал од полицајците да дојдат во неговиот кабинет, каде ќе дадел изјава!? Полицајци денеска биле во неговиот кабинет, пишува порталот.
