Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бакојани го кажа ставот за името, за Македонската алијанса тоа се националистички позиции од среден век

Бакојани го кажа ставот за името, за Македонската алијанса тоа се националистички позиции од среден век

Поранешната грчка министерка за надворешни работи и актуелна пратеничка на Нова Демократија, Дора Бакојани,  на Безбедносниот Форум во Белград рече дека само сложено име за севкупна употреба го отвора патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. 

По ова,  Македонската алијанса на Ѓорѓија Џорџ Атанасоски упати реакција во која ваквиот настап го оцени како „директни, јасни и дипломатско-сурови пораки од грчката Влада, но и од опозицијата“.

„Откако, Никос Коsиас после средбата со Метју Нимиц даде јасно до знаење дека и македонскиот идентитет е дел од преговорите, по Јоргос Кумуцакос и Јоргос Папандреу, се надоврза и Дора Бакојани, непосредниот извршител на срамното вето на Самитот во Букурешт во 2008. Едноставно, актуелната пратеничка на опозициската Нова Демократија, партијата која во моментот ужива најголем рејтинг во Грција, уште еднаш ја дефинираше рамката за евентуално решение на спорот – или сложено име “ерга омнес”, или нема ЕУ и НАТО. Уште една потврда дека грчката страна нема намера да ги менува своите иредентистички позиции по македонското прашање. За нив не важи ни пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, ниту било кои други норми на меѓународното право. Атина го познава само јазикот на уцени и закани без волја да отстапи и милиметар од своите националистички позиции, својствени за средниот век. Од ставовите на Дора Бакојани може да заклучиме дека демонстрираната сервилност и конструктивност од владата на Зоран Заев и Никола Димитров, кои освен мерките за градење доверба, отидоа и чекор понапред со изразување подготвеност за преименување на аеродромот, дислоцирање споменици, негирање на античките корени, ревизија на македонските учебници по историја, е бадијала“- стои во реакцијата. 

На сите ни е јасно дека и евентуално да ги отвориме поглавјата за преговори, на крај за полноправно членство во ЕУ и НАТО ќе мора да ги исполниме уцените на нашиот јужен сосед“, стои во реакцијата.

Слично

Поврзани вести