Бајрами: Да се гордееме со тоа дека привршуваме изборен циклус без речиси ниту една пријава
Oд Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите се задоволни од текот на изборниот ден.
„Очекувам во ваква атмосфера како што е позната и во атмосфера каква што се одвиваше во првиот изборен круг да заврши и денешниот ден и конечно ние како државата да се гордееме со тоа дека привршуваме изборен циклус без речиси ниту една поднесена кривична пријава и постапување од страна на надлежните обвинителства низ државата“, изјави денеска претседателот на Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со изборите, јавниот обвинител Џелал Бајрами.
Вели дека во сите обвинителства во земјата поставени се дополнителни дежурни обвинители, во случај ако треба да постапуваат при евентуални нерегуларности од денешниот изборен процес.
