Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАЈРАМ ВО КАРАНТИН: Владата чека последен момент за одлука

БАЈРАМ ВО КАРАНТИН: Владата чека последен момент за одлука

Владата денеска треба да ја одржи седницата на која ќе донесе одлука дали од утре до вторник не очекува 58-часовен карантин. Мерката што ја предложи Комисијата за заразни болести е забрана за движење на граѓаните од сабота од 19.00 до втрник до 05.00 часот.

Во текот на продолжениот викенд е празникот Рамазан Бајрам, поради што Исламската верска заедница уште вчера објави дека и да има полициски час нема да го почитуваат. Истовремено донесе дополнителни мерки за верниците како да се однесуваат во џамиите. Од ИВЗ велат молитви да се практикуваат најмногу во дворовите на џамиите. Истовремено препорачуваат задолжителна дезинфекција при влез во џамиите, а верниците со себе да си понесат седеџе. ИВЗ информира дека тоалетите и местата за земање абдест ќе бидат затворени. Дел од мерките кои се задолжителни за секоја џамија се сабах намаз да се извршува дома.

Владата денеска треба да се произнесе и за останатите предлози на Комисијата за заразни болести, пред се за отворањето на границите и укинувањето на државните карантини.

Слично

Поврзани вести