Бајден во име на американскиот народ го честита денот на независноста на Македонија
Честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста упати и американскиот претседател Џо Бајден.
Бајден упати честитка до претседателот Стево Пендаровски. Наведува дека во име на американскиот народ, го честита денот на независноста на Македонија.
„Одбележувајќи ја оваа прилика, ние исто така ја одбележуваме 25-годишнината од нашите дипломатски односи и силното пријателство меѓу нашите две нации. Нашите земји ги обединуваат семејните и историските врски, како и нашите заеднички демократски вредности и посветеност на човековите права. Нашето партнерство ќе продолжи да им користи на нашите народи во годините што доаѓаат. Со гордост ја поздравивме Македонија како 30-ти сојузник на НАТО минатата година, признавајќи дека Вашата земја даде витален придонес за безбедноста и стабилноста на регионот долго пред таа да се приклучи на Алијансата. Ви благодариме што оваа година бевте домаќин на мултинационалната вежба „Решителен удар 21“ во Центарот за воена обука „Криволак“ и што повторно ги покажавте водечките капацитети и подготвеноста на Македонија, пишува Бајден во честитиката.
Тој посакува безбеден и среќен Ден на независноста и се заблагодарува за долгогодишното пријателство.
Во Македонија утре е неработен ден за сите граѓани.
