Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Багери на готовс кај ТЦЦ Плаза?

(ФОТО) Багери на готовс кај ТЦЦ Плаза?

Багери на терен, а наводно градежните работи се стопирани. Фактите велат, локацијата е оградена и две големи градежни машини нешто „ чекаат“. Дали почнаа градежните активности за нов објект на местото на поранешна ТЦЦ Плаза, во центарот на Скопје. Деновиве на местото каде од пред неколку месеци со земја беше срамнет стариот хотел има некакво размрдување. Од општина Центар за Фактор велат дека за ова место нема дозвола за градба и тврдат дека не се информирани дека некои активности се започнати. Градоначалникот Саша Богдановиќ вели дека моментно се работи на измени на плановите и дека има мораториум за издавање дозволи, не само на оваа, туку и на други локации во општината. ТЦЦ Плаза и земјиштетото го поседуваат семејството Стојменови, на поранешниот министер за финансии Борис Стојменов.


„Дозвола за градба нема, нема и основен проект, документација. Имаше одобрение да се сруши објектот и сопствениците го срушија, односно го отстранија. Земјиштето  е нивно, но ние засега не сме издале дозвола, вели Богдановиќ.


Според постојниот детален урбанистички план, на таа локација треба да се гради деловен објект П+6, односно на шест ката. Сепак во моментов се работи на ревизија на повеќе планови, па и на тој за овој дел на градот. Откако ќе бидат готови на тоа место може да биде сменета и намената на земјиштето.


Објектот беше срушен годинава во мај, откако претходно на крај на март, општина Центар еднаш го запре уривањето за кое тврдеше дека е почнато без одобрение. Потоа објектот беше отстранет. ТЦЦ Плаза беше изграден на местото на старата Стоковна куќа БЕКО ( Београдска конфекција).

Позади оваа локација се наоѓа палатата на ВМРО ДПМНЕ.


Слично

Поврзани вести