Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАФЕТ, ЏОБС, БРЕНСОН: Најуспешните претприемачи и нивните совети за бизнис успехот!!

БАФЕТ, ЏОБС, БРЕНСОН: Најуспешните претприемачи и нивните совети за бизнис успехот!!

Независно од тоа како го разбираме, успехот често е тешко остварлива цел. Бара доверба и решителност за да се дојде до него, и уште доста квалитети за да го задржите. 

Еве што советуваат по темата 9 од најуспешните претприемачи во историјата.

Стив Џобс, основач на Apple: „Не можете да ги поврзете точките, гледајќи напред, а само гледајќи наназад. Затоа треба да верувате дека тие некако ќе се поврзат во иднината“.

Стив Возниак, коосновач на Apple: „Ако го сакаш она што го правиш, и си подготвен да дадеш се од себе, значи ќе постигнеш успех. И ќе вреди секој миг во којшто си размислувал за тоа.“

Мариса Мајер, извршен директор на Yahoo: „Отсекогаш сум правела работи за кои не сум била сосема подготвена. Така човек израснал. Моментите во кои успеваш, макар да не си сигурен во своите можности - тоа се вистинските откритија.“

Марк Кјубан, претприемач: „Врша ја својата работа. Врши ја повеќе од потребното. Мисли повеќе од потребното. Крени ги сопствените очекувања. Кон успехот нема директни патишта.“

Ворен Бафет, извршен директор на Bershire Hathaway: „Потребни се 20 години да се изгради репутација и 5 минути да се уништи. Ако мислите за тоа, ќе ги правите работите поинаку.“

Џек Дорси, коосновач на Twitter: „Направете го секој детал совршен, а потоа намалете го бројот на деталите.“

Ричард Бренсон, основачот на Virgin Group: „Мајка ми ме учела никогаш да не жалам за нешто што е во минатото, туку да продолжам напред. Секогаш ме изненадува колку време поминуваат луѓето размислувајќи за минатите неуспеси наместо да го вложат времето во нов проект. “

Марк Закерберг, основачот на Facebook: „Најголемиот ризик е да не преземете ризици. Во светот кој секојдневно се менува тоа гарантира неуспех.“

Мајкл Дел, основачот на Dell Technologies: „Бидете луди и не придржувајте се толку многу до советите на другите“.

Слично

Поврзани вести