Економија, финансии, бизнис

Контакт

БАДНИКОВО ЛЕПЧЕ И ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР: Сестра Сања и војник Ива најсреќни во 2021

БАДНИКОВО ЛЕПЧЕ И ВО УРГЕНТНИОТ ЦЕНТАР: Сестра Сања и војник Ива најсреќни во 2021

Министерот за здравство, Венко Филипче објави дека и дежурниот тим во Ургентниот центар имал можност да го одбележи Бадник и при тоа традиционално да се крши лепчето со паричка.

-Топлината на Бадник и на Ургентен клинички центар. Во духот на традицијата, годинава под посебни мерки и протоколи со моите колеги дежурни на Клиниката и припадниците на Армијата кршевме бадниково лепче со паричка. Најсреќни годинава, сестра Сања и војник Ива од специјалната единица Ренџери. На сите здравствени работници кои ѝ вечерва ќе се грижат за болните, на оние кои се дома, но во мислите со своите пациенти и на сите граѓани, посакувам вечерва домот да ви е исполнет со љубов и спокој. Честит Бадник, напиша министерот во објавата на ФБ.



Слично

Поврзани вести