Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бачев: Mакедонскиот бугараш Никола Димитров го изгубил компасот

Бачев: Mакедонскиот бугараш Никола Димитров го изгубил компасот

Претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, во врска со протерувањето на рускиот дипломат од Македонија вели дека македонскиот бугараш во моментов министер за надворешни работи, Никола Димитров, го изгубил компасот. 

Додава дека  безбедноста на Македонија навистина е загрозена од хемиско оружје, но не од Русија, туку од друга адреса, поточно од бомбите со ураниум што НАТО ги фрлаше при злосторничката агресија на СР Југославија, а чии последици ги трпиме до ден денес. 

Според Бачев, оваа одлука на Димитров е преседан во меѓународните односи, како една држава ја користи сопствената дипломатија против сопствените интереси.

За претседателот на Единствена Македонија ова е антимакедонска и антидржавна одлука со што беше навредена интелигенцијата на народот, кажувајќи дека одлуката е поради заштита на безбедноста во Македонија.

„Македонија протерува дипломат на Русија која никогаш не го довела во прашање територијалниот интегритет и суверенитет на Македонија, а од друга страна власта се солидаризира со Велика Британија, која во 1948 година фрлаше напалм бомби врз Македонците во Беломорска Македонија“- рече Бачев.

Тој  истакна дека Велика Британија се залага за промена на македонското име и идентитет и редефинирање на Македонија по што тврди дека британскиот амбасадор Чарлс Гарет на претседателот Иванов му покажал мапа каде што Република Македонија е кантонизирана.

По одлуката на МНР да го протера рускиот дипломат од руската амбасада реагираа дека последиците од оваа одлука, за која сметаат дека е провокација, ќе ги сноси македонската страна.

Слично

Поврзани вести