Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бачев побара свештениците за Бадник да фрлат анатема на уставните измени

Бачев побара свештениците за Бадник да фрлат анатема на уставните измени

Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување, вели во своето обраќање Јанко Бачев, претседателот на Единствена Македонија.

„Македоснките попови имаат силна национална должност на вечерашните богослужби низ сите цркви во земјата и дијаспората да фрлат анатема до седмо колено до оние кои ги подржуваат уставните измени за бришење на библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја“, смета тој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото, победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја која е окупирана од сатаната која нема никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава, наведува во неговата честитка еден од предводниците на „Македонија блокира“


Слично

Поврзани вести