Бачев: Ќе расчистиме со сите национални предавници
Ќе расчистиме со сите национални предавници кои деновиве гледате распродаваат сѐ живо, вели Јанко Бачев, oд Единствена Македонија.
„Ќе се направи ревизија и конфискација на украденото во овие години. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за нас се едно исто, лажат и крадат, а единствена разлика е што едните краделе во марки другите во евра. Ние како партија цврсто сме решени да ги поправиме состојбите во Македонија и се залагаме за сојуз со Русија“- вели тој.
Партијата веќе поделила проглас што тие ќе направат ако бидат нова власт во Македонија.
„Процесите кои ги навестуваме многу брзо ќе се случат, ние сакаме да бидеме спремни за тој процес“- рече Бачев.
Како Единствена Македонија вели дека решително тргнале да ја променат власта во интерес на народот.
