Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бабовски: Не се точни анализите на Трипуновски за метали во зеленчук

Бабовски: Не се точни анализите на Трипуновски за метали во зеленчук

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски денеска на прес-конференција рече дека сите резултати од анализите за наводно присуство на резидиуми од метали и тешки метали се негативни.

Првиот човек на АХВ наведе дека наредните денови ќе се одлучува дали ќе биде поднесена пријава против Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ, кој иминатата недела рече дека олово, кадмиум и арсен, тешки метали штетни за човековото здравје се пронајдени во домат и краставица по анализа направени од Државната фитосанитарна лабораторија. Претходно трипуновски објави дека млад кромид и пиперка со пестициди се пуштени во промет и дека граѓаните јадат небезбедна храна.

-Негативни се сите резултати за наводни резидуми од метали или присуство на тешки метали во овошјето и зеленчукот. Не знам која беше целта да се шири паника меѓу граѓаните. Изгледа некој некого излажал или некој помешал микро и милиграми, рече Бабовски, одговорајќи на новинарски прашања.

Бабовски истакна дека ширење лажна паника и тревога е кривично дело. Тој порача кога се излегува да се каже нешто, тоа треба да биде точно и вистинито.



Слично

Поврзани вести