Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бабиш пристигна во Скопје

Бабиш пристигна во Скопје

Делегација на Чешката Република предводена од премиерот Андреј Бабиш пристигна во официјална посета на Македонија. Чешката делегација беше пречекана со високи државни почести пред платото на Владата, по што премиерот Бабиш беше примен од неговиот домаќин, премиерот Зоран Заев.

Предвидено е премиерот Бабиш да има средби и со шефот на државава Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за економија Крешник Бектеши.

Пред доаѓањето во Скопје, Бабиш најави дека ќе искаже поддршка од Чешката Република за евроинтеграцијата на Македонија.

Разговорите ќе бидат фокусирани и на можностите за чешки инвестиции во земјава. Во попладневните часови чешкиот премиер Бабиш заедно со вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе го посети граничниот премин Богородица.


Слично

Поврзани вести