Економија, финансии, бизнис

Контакт

Бабата на Даштевски, претседателот на ДИК, купила куќа на Халкидики, ДКСК отвора случај

Бабата на Даштевски, претседателот на ДИК, купила куќа на Халкидики, ДКСК отвора случај

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе испитува како мајката на претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, купила куќа пред половина година во местото Елани на првиот крак на Халкидики.

Од Антикорупциска за МИА потврдуваат дека е отворен случај и од таму нагласуваат дека  можност да го проверат случајот има дава членот 96 од Законот за спречување на корупцијата.

Порталот „360 степени“ вчера објави дека 75-годишната пензионерка од Куманово го ополномоштила зетот Даштевски да ја води и да ја заокружи купопродажбата на куќата од 111 квадратни метри чија официјалната вредност наведена во нотарските акти е 110.000 евра.

Александар Даштевски е претседател на Државната изборна комисија од јануари 2021 година.


Слично

Поврзани вести