Баба нападната и ограбена од разбојници во Скопје
Возрасна жена од Скопје била нападната и ограбена во својот дом од разбојници. Двајцата разбојници, чиј идентитет засега е непознат за полицијата, влегле во домот на 62-годишна скопјанка, која живеела сама и била со нарушена здравје по што ја ограбиле.
Според информации на полицијата, додека бабата спиела, крадците влегле во куќата преку незаклучена влезна врата, по што едно од лицата со рака и ја затворило устата.
„Потоа од рака и го одзело прстенот, по што одзеле еден телевизор и го напуштиле местото“, велат од МВР.
Случајот во полиција го пријавила нејзината 43-годишна ќерка.
Настанот се случил вечерта помеѓу петокот и саботата пред полноќ. Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
