Економија, финансии, бизнис

Контакт

Азир Алиу: Не е професионално сега да споменуваме имиња и институции за кардиолoшките интервенции

Азир Алиу: Не е професионално сега да споменуваме имиња и институции за кардиолoшките интервенции

Министерот за здравство Азир Алиу во телефонска изјава за Канал 5 денес уверува дека одговорните ќе бидат објавени со име и презиме, откако вчера министерството објави дека формираната комисија утврдила најмалку 10 непотребни кардиолошки интервенции на штета на Здравствениот фонд.

Јавноста на ова реагираше дека министерството не објавило ниту едно име и дека не е покрената пријава до Обвинителството.

Алиу рече дека не сака да прави шоу и дека ќе се чека комисијата да ги утврди фактите. Не било професионано да се споменуваат имиња и институции. Откако ќе се утврдат фактите, ќе следат пријави до надлежните, најавува тој.

- Целта на овој процес е правда, а не да креираме спектакл. Нема да дозволиме да се скрие каква било вистина. Нема да прогласиме никого за виновен пред да заврши професионалната работа на нашата комисија. 

Финалниот извештај ќе биде објавен со целосна транспарентност и секој прозван ќе сноси сооодветна одговорност. Ќе бидат адресирани институциите кои што се одговорни, изјави Алиу.

За опозициската СДСМ, ова е еден од најголемите и најшокантни скандали во здравството.

- Како е можно за ваков скандал без преседан, министерот да го презентира случајот на ваков начин, без целосни информации и без никакви пријави?

Министерот Алиу тврди дека комисија „утврдила“ непотребни операции, но во истата реченица вели дека извештајот не бил финален.

Ако извештајот не е финален, како се утврдени шокантните факти? Ако е утврдено – зошто документот се крие? Зошто не се објавуваат имињата на клиниките и лекарите кои стојат зад тие интервенции? Зошто по ваков огромен скандал не се поднесени веднаш кривични пријави и тие да бидат процесирани на останатите органи да постапуваат?, прашува реторички СДСМ.

Слично

Поврзани вести