Азир Алиу формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“
Министерството за здравство формираше работна група која ќе го истражува случајот „извоз на мозоци за научни цели“. Ќе се проверуваат сите информации и податоци за наводите поврзани со испраќање човечки мозоци од Македонија во САД. Ќе се проверува дали имало соодветна документација, дали се барала согласност од семејствата, дали е почитувана правната рамка и етичката димензија.
Министерот за здравство, Aзир Алиу вели дека многу скоро ќе се знае што точно се случувало во период од две децении, од 1994-та до 2015-та година, кога соработката со Универзитетот Колумбија прекинала.
„Верувам дека за кратко време ќе ме информираат од различните департменти дали имало или немало таква активност“, изјави за Кoha, Азир Алиу, министер за здравство.
Досега е потврдено дека три државни психијатриски болници – Бардовци, Демир Хисар и Негорци биле дел од проектот во кој македонски патолози и форензичари со години соработувале со Универзитетот Колумбија во Њујорк. Во рамки на таа соработка, тие развиле нов метод за анализа на мозочно ткиво, наречен „нео-Голџи“.
фото принтскрин
