Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗИР АЛИУ – КАНДИДАТ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО НА ВЛЕН: „Негов приоритет ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем“

АЗИР АЛИУ – КАНДИДАТ ЗА МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО НА ВЛЕН: „Негов приоритет ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем“

ВЛЕН ја информира јавноста дека нивната кандидатура за министер за здравство е Азир Алиу. Како што наведуваат во соопштението, тој е докажан професионалец и визионер во областа на технологијата и современата организација на здравствените услуги.

-Азир Алиу доаѓа со современ и неопходен пристап за времето во кое живееме. Негов приоритет како министер ќе биде целосна дигитализација на здравствениот систем, гарантирајќи транспарентност, ефикасност и лесен пристап за сите граѓани. Сега е време за модерна, ефикасна и дигитализирана здравствена заштита, а со овој тим тоа ќе се постигне.Нагласуваме дека Алијансата за Албанците останува дел од ВЛЕН, а нашата соработка е посилна, постабилна и појасна од кога било досега. ВЛЕН се движи обединето кон заеднички цели: достоинствено претставување, вистински реформи и опипливи промени за граѓаните.Со оваа одлука, правиме конкретен чекор кон модерна здравствена заштита во служба на пациентот, посочува ВЛЕН.


Слично

Поврзани вести