Економија, финансии, бизнис

Контакт

АЗИЛАНТОТ ГРУЕВСКИ ОД УНГАРИЈА БАРАЛ СТАН ВО ЦЕНТАР ЗА СОПРУГАТА И ДЕЦАТА - сведочење на Алек Теранова за Плацевите на Водно

АЗИЛАНТОТ ГРУЕВСКИ ОД УНГАРИЈА БАРАЛ СТАН ВО ЦЕНТАР ЗА СОПРУГАТА И ДЕЦАТА - сведочење на Алек Теранова за Плацевите на Водно

Азилантот во Унгарија и поранешен премиер на земјава, Никола Груевски, преку унгарски број му се јавувал на бизнисменот Алек Теранова и кај него барал стан во Центар во кој би живееле неговата сопруга и децата. 

Всушност денеска бизнисменот Александар Ивановски познат како Алек Теранова се појави како сведок во обвинителството. Тој рече дека Груевски, во 2018 година, по неговото бегство во Унгарија, добил порака од унгарски телефонски број, при што Груевски го прашувал дали има станови во Центар во Скопје, за неговата сопруга. Ивановски му одговорил дека нема, туку само дека има станови во Аеродром, но кои што сега се во фаза на градба и би биле готови дури во 2020 година.

Ивановски кажа дека тој случајно му ги открил Плацевите на Водно на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, па му посредувал за купување. Рече дека ова го направил само како еден вид помош за неговиот пријател Сашо Мијалков.

Инаку, сведокот Ивановски денеска откри како се купувале станови и плац на Водно за Никола Груевски преку неговата секретарка. Самиот Ивановски, пак, призна дека имал преземено некои активности околу формирање на фирмата „Сирах инжинеринг“ во Македонија, што всушност било на барање на неговиот пријател Мијалков. Според Ивановски, управител на офшор компанијата „Сирах лимитед“ бил Ристо Новачевски, кумот на Груевски. Обвинителката Лиле Стефанова се интересираше како тој дознал кој е управител, Ивановски одговори дека тоа му го кажал неговиот пријател Мијалков, ѝкога требало да купи плац од 11.000 метри квадратни на Водно, по цена од 1,5 милион евра.

„Јас немав лични интереси да проверувам дали тој плац е влезен во ДУП и во ГУП, но Мијалков ми рече да појдам во општината и да проверам. Откако проверив, видов дека на тој плац може да се гради во рамки на ДУП-от за Тасино Чешмиче“, рече Ивановски, по што додаде дека Мијалков му кажал дека плацот е за Груевски. 

Екс-премиерот Никола Груевски, кој откако беше осуден и требаше да ја издржи казната затвор побегна во Унгарија, каде што доби азил, во 2018-та година му се јавил на Алесандар Ивановски познат како Алек Теранова од унгарски број и покажал интерс за стан во Центар во кој ќе живеат сопругата и децата.

-Во 2018 година после неговото бегство, добив порака од унгарски телефонски број и Груевски ме прашуваше дали имам станови во Центар во Скопје за неговата сопруга. Му кажав дека немам, дека имам станови само во Аеродром во градба коишто ќе бидат готови во 2020 година, рече на денешното судење, Ивановски.

Во случајот како осомничени се и Груевски, екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Слично

Поврзани вести