Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автопатот „Пријателство“ доби свои табли

Автопатот „Пријателство“ доби свои табли

Таблите со новото име „ Пријателство “ се поставени на  Автопатот Табановце - Богородица, кој води од границата со Србија до границата со Грција. 

Ова е дел од низата мерки кои  Зоран Заев со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во Давос ги договорија по нивната средба. Една од нив беше промена на името на автопатот „ Александар Македонски “.

Покрај автопатот кој доби нови име, ново име има и аеродомот во Скопје кој е преименуван во Меѓународен аеродром „Скопје“.

Изминатиот викенд согласно одлуката за промена на името беа отстранети буквите од натписот „Александар Велики“, а потоа беше отстранет и споменикот на Александар Македонски што беше поставен во зградата на Аеродромот.


Слично

Поврзани вести