Автопатот Миладиновци-Штип готов за два до три месеци
За два до три месеци би требало да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип.
Ова денеска го истакна првиот човек на транспорт и врски Горан Сугарески.
Сугаревски како што рече, очекува до до крај на септември или почеток на октомври да биде завршен автопатот Миладиновци-Штип
„Очекувам градежните активности согласно рокот за изградба на автопатот Миладиновци Штип да бидат завршени до крајот на септември-почетокот на октомври. Евентуално би останале одредени помали работи како што е поставување знаци кои можеби ситно би го продолжиле рокот“, кажа министерот Сугарески додавајќи дека во наредните денови треба да помине на владина седница по што до крај на месецов ќе се достави во Собранието.
Сугарески потенцира и дека интензивно се работи и на изградба на експресните патишта Ранковце-Крива Паланка и Градско-Прилеп, а завршени се голем број реконструкции на патишта и тендерски постапки за активности на патните правци кои би почнале од крајот на месецов.
