Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автопатот кон Велес затворен, како е на другите патишта?

Автопатот кон Велес затворен, како е на другите патишта?

Автопатот А1 на делницата од мотел Македонија до Градско во текот на денешниот ден ќе биде затворен од 05 до 18 часот.

Причината е добро позната-снимање на  францускиот филм „A Fond“.

Патниот правец се пренасочува по стариот пат.

Каква е состојбата со останатите патишта?

На автопатот А2 се крпат дупки и затоа од  наплатната Гостивар до наплатната Тетово надлежните порачуваат внимателно возење и почитување на поставената сигнализација.

Патот А2 Кичево-Охрид на делот помеѓу Пресека и с.Врбјани ќе се минира и затоа истиот ќе биде во прекин  помеѓу 14:30 - 17:00часот.

Слично

Поврзани вести