Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛ ЗАГЛАВИЛ ВО ПОПЛАВЕН ПОДВОЗНИК ВО ТЕТОВО: Возачот навреме излегол

АВТОМОБИЛ ЗАГЛАВИЛ ВО ПОПЛАВЕН ПОДВОЗНИК ВО ТЕТОВО: Возачот навреме излегол

Возач неуспешно се обидел да помине со својот автомобил преку подвозник каде имало насобрана вода поради интензивните врнежи од дожд во Тетово, информираат од Центарот за управување со кризи(ЦУК). 

Преку бројот за итни повици Е-112 е добиена пријава дека во близина на подвозникот кај полигонот, се насобрала поголема количина вода. Еден автомобил се обидел да помине низ водата, при што останал заглавен. Возачот навреме го напуштил возилото и не е повреден. На местото на настанот веднаш излегле екипи на СВР Тетово и ТППЕ Тетово, кои интервенирале со две противпожарни возила и четворица пожарникари.

Во населбата постојат две алтернативни улици, кои граѓаните можат да ги користат за непречено извршување на своите секојдневни обврски додека трае расчистувањето и нормализирањето на состојбата. Од ЦУК апелираат до граѓаните за претпазливост и почитување на упатствата од надлежните служби.

Фото: Центар за управување со кризи

Слично

Поврзани вести