АВТОМОБИЛ УДРИ ДЕТЕ ВО ВЕЛЕС: Итно е пренесено на скопските клиники
Петгодишно дете е прегазено во Велес и итно е пренесено во Скопје со тешки повреди на главата.
Aвтомобил денеска околу 15 часот го удрил детето. Инцидентот, според МИА, се случил кај велешкиот „Младински парк“. Од велешката болница велат дека момчето било пренесено во Ургентниот центар.
Д-р Ванчо Граматов, портпарол на болницата, вели на детето му биле направени сите неопходни медицински прегледи, како и рентгенски снимања и томографија, при што биле констатирани тешки повреди на главата.
Слично
