Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил со бугарски таблици удри жена пешак од Куманово, со тешки повреди пренесена во болница

Автомобил со бугарски таблици удри жена пешак од Куманово, со тешки повреди пренесена во болница

Повозрасна жителка на Куманово добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил од типот „Фолксватен туран“ со бугарски регистарски таблици. 

Несреќата се случила вчера напладне, а повредената Р.М. која има 75 години била хоспитализирана во болницата во Куманово. 

Возачот на автомобилот е лицетот И.В. (42) исто така од Куманово. Полицијата веќе направила увид по несреќата.

- На 03.06.2024 во 12.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата од ул.„Пелинска“ и ул.„Ленинова“ во Куманово, патничко возило „фолксваген туран“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.В.(42) удрило во пешакот Р.М.(75), двајцата од Куманово. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.М. констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово - соопштија од МВР, без да пренесат информации за состојбата на повредената жителка на Куманово. 


Слично

Поврзани вести