Автомобил се превртел кај езерото Младост, две жени се тешко повредени
Две жени синоќа се тешко повредени во сообраќајка на патот кон езерото Младост.
Сообраќајката се случила на патот Башино Село – Отовица, а автомобилот се превртел движејќи се кон езеро ,,Младост”, при што тешко се повредени две женски лица, соопшти за МИА д-р Василка Пановска Поп Стефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.
„Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен, а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет“, информира д-р.Пановска Поп Стефанова.
Двата тима од Итна медицинска помош укажале помош на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница.
Слично
