Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил се превртел и се запалил кај кумановско Доброшане

Автомобил се превртел и се запалил кај  кумановско Доброшане

Автомобил излетал од патот во кумановско Доброшане, при што се превртел и се запалил. 

Пожарникарите во ноќните часови гаселе пожар на превртен автомобил „голф“, на регионалниот пат Куманово-Свети Николе кај Доброшане, информираше денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово. 

СВР Куманово денеска потврди дека вчера околу 23:30 часот на регионален пат Куманово-Свети Николе, автомобил „голф“, со кумановски регистарски ознаки, кој го управувал Љ. Ж. (44) од Куманово, излетал од коловозот. Во незгодата е причинета само материјална штета. 

Слично

Поврзани вести