Автомобил пловеше во Охридското езеро
Возило марка „форд“ утрово излетал во водите на Охридското Езеро на влезот во Струга. Автомобилот бил извлечен потоа од противпожарните служби.
Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информираше дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути и дека нема повредени.
– Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, информираше гласноговорникот.
Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Слично
