Економија, финансии, бизнис

Контакт

АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТЕ НА ПОКРИВ: Сообраќајка кај облакодерите Џевахир во скопски Аеродром

АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТЕ НА ПОКРИВ: Сообраќајка кај облакодерите Џевахир во скопски Аеродром

На булеварот Трета македонска бригада, во непосредна близина кај облакодерите Џевахор, попладнево се случи сообраќајна несреќа. Едно лице е повредено. На местото на несреќата веднаш пристигнало возило на Итната медицинска помош и од возилото било извлечено повреденото лице.

Фотографии објави движењето „Сакаме чист Чаир“ на нивната  Фејсбук страница.

Кои се причините за несреќата и каква е здравствената состојба на патниците, засега нема информации. Се чека извештајот од увидот што го направи МВР. 

ФОТО: FB/Duam Çair të pastër

Слично

Поврзани вести