Економија, финансии, бизнис

Контакт

Автомобил излетал од надвозник, двајца повредени, возачот избегал

Автомобил излетал од надвозник, двајца повредени, возачот избегал

Во сообраќајна несреќа полесно се повредени две лица. Несреќата се случила на локалниот пат Велес – село Раштани, на крстосница на патот во изградба Велес-Прилеп кога патнички автомобил марка „Фолксваген Голф“ со велешки регистарски ознаки излетал од мостот и паднал на патот под надвозникот.

Според информациите со кои денес излезе портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, во незгодата која се случила завчера околу 19:30 часот, со повреди се здобиле лицата Ф.Н.(21) и Б.К.(19) од  велешкото село Бузалково кои со возило на Итна медицинска помош - Велес биле пренесени во велешката Општа болница.

- Инаку, лицето кое управувало со возилото не било најдено на местото на настанот и полицијата не можела да го евидентира, но трага по него, информира Додевски.



Слично

Поврзани вести